„Зона на интерес“ на Џонатан Глејзер ќе биде прикажан во главната селекција на Фестивалот на Филмска камера ,, Браќа Манаки”.
,,Џонатан Глејзер не режира филм секоја година, но кога ќе сними филм, тешко се заборава. „Зона на интерес“ немаше да остави толкав впечаток да не беше досега невидениот револуционерен третман на звукот во филм, а актерката Сандра Хилер, која ја гледавме во „Анатомија на падот“ на минатогодишното издание на ИФФК „Браќа Манаки“, во новиот филм, за кој веќе има номинации за Европските филмски награди и БАФТА, ќе се обиде да ја задржи рајската градина до фабриката на пеколот” велат од фестивалот.