Зодијак во кревет: Што кажуваат знаците по водењето љубов?

Често знаеме да слушнеме дека карактерот на некои луѓе е предодреден од нивниот хороскопски знак. Сепак астролозите сметаат дека не секогаш постои тесна врска помеѓу индивидуалниот карактер и што „запишале“ ѕвездите.

Но она што е интересно е тоа што астролозите наоѓаат заеднички карактеристики кај некои луѓе кои припаѓаат на исти знак со тоа како се однесуваат при водењето љубов.

Овен: Одиме пак!
Припадниците на овој хороскопски знак очекуваат од своите партнери отвореност за експериментирање и издржливост во водењето љубов. Во кревет сакаат да доминираат, а по првата партија се подготвени за втора.

Бик: Гладен сум, сакаш нешто да јадеме?
Биковите знаат што сакаат и не се срамат да го покажат тоа. Неискусните и плашливи карактери дефинитивно не се за нив, а бидејќи сакаат да ги комбинираат задоволствата, по водење љубов со голема радост преминуваат на храна.

Близнаци: Каде е далечинското?
Интимната врска со Близнаци може да биде посебно и возбудливо искуство. Тие се склони кон разни фетиши, па дури и екстремно перверзни. По добра партија секс тие се комплетно опуштени, а омилена забава им е гледањето ТВ.

Рак: Каков е вашиот став за бракот?
Припадниците на овој знак се многу сензуални љубовници кои сакаат многу допири. Ако врската дојде во интимна фаза, Ракот ги вади на површина сите емоции.

Лав: Нели сум супер?
Припадниците на овој знак често се диви љубовници. Тие се секогаш подготвени за акција, но кога е во прашање водењето љубов сакаат да доминираат. Ваквата особина, според астролозите, се должи на нивното его и фактот што сакаат да важат за експерти во дадена ситуација.

Девица: Ајде да се истушираме!
Девиците сакаат долга и возбудлива предигра, жестока акција и задолжително гушкање по сексуалниот однос. Сепак, тие не се имуни на фантазии и перверзии, а водењето љубов е проследено со задолжително туширање.

Вага: Мене ми беше супер, а тебе?
Припадниците на овој знак се вистински мајстори за заведување, а во кревет имаат многу желби и фантазии. Сепак за целосно да се отворат пред партнерот им треба време. Исто така, важат и за луѓе кои сакаат да имаат контрола над целата ситуација, па често кога нешто не е како што тие мислат не губат време да го истражат партнерот од сите страни.

Скорпија: Сакаш да те одврзам?
Доколку барате парнер кој е целосно препуштен на фантазијата кога води љубов тогаш идеално е да одберете некоја Скорпија. Припадниците на овој знак никогаш не гледаат на сексот само како на рутина, туку сакаат постојано да ја менуваат не само позата, туку и локацијата.

Стрелец: Ќе ти се јавам…
На Стрелците гушкањето им е поважно од игрите во кревет. Тие не се срамежливи, иако не се толку либерални како што мислат за себе, и често важат за луѓе кои најчесто ги менуваат партнерите.

Јарец: Дали имаш Инстаграм?
Јарците се многу страсни љубовници, доколку се на иста бранова должина со партнерот. Меѓутоа, колку и да е страсно водењето љубов, разговорот со Јарец воопшто не е романтичен, на моменти дури е и депресивен.

Водолија: Да пробаме сега во кревет?
За Водолиите важи правилото дека се уживатели на акции за една вечер. Но оние кои долго време биле со некој од овој знак ќе речат дека Водолиите се перверзни и често знаат да покажат луда „игра“ во кревет.

Риби: Како се викаш?
Рибите во кревет даваат сè од себе за да му угодат на партнерот, а истото го очекуваат и за возврат. Не им се туѓи аферите во кои „пропаѓаат“ од физичката привлечност, па можат да завршат со некого дури и пред подобро да го запознаат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни