Не покажувајте ароганција и незаинтересираност
-Не бидете одбивни, нетрпеливи или иритирани.
-Избегнувајте сарказам, превртување на очи или покажување на надмоќност.
-Не ја минимизирајте трагедијата и не префрлајте вина на други.
Не прикривајте информации и не избегнувајте одговори
-Не одговарајте со нејасни и празни фрази.
-Ако одредени информации сè уште не се достапни, кажете го тоа отворено наместо да бегате од прашањата.
-Не давајте погрешни или контрадикторни информации – тоа создава недоверба и шпекулации.
Не користете ја трагедијата за политички маркетинг
-Ова не е време за политички поени или ПР настапи.
-Не ветувајте нешто што не можете да го исполните.
-Не ја користете трагедијата за напад на политички противници.
Не ги обвинуваjте јавноста, медиумите или жртвите
-Не сугерирајте дека жртвите сами си се виновни
-Не напаѓајте новинари дека „ширеле паника“ само затоа што поставуваат тешки прашања.
„Медиумите имаат право да информираат – почитувајте ја нивната улога“ заклучуваат од ЗНМ.