ЗНМ до политичарите: Покажете емпатија, бидете транспарентни, почитувајте ги новинарите и не ја политизирајте трагедијата

Здружението на новинари на Македонија објавија и совети како политичарите треба да се однесуваат кога комуницираат со медиумите и новинарите во моменти на трагични настани.
Фото: Mozel W., CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Покажете емпатија и човечност
-Изразете сочувство искрено, а не само со подготвени изјави.
-Покажете разбирање и почит кон семејствата на жртвите.
-Вашиот тон и говор на телото треба да одразуваат загриженост.

Бидете транспарентни и давајте јасни информации
-Споделувајте точни информации на време, дури и ако се ограничени.
-Објаснете што се знае, што се истражува и кога ќе следуваат нови информации.
-Ако се направени грешки, признајте ги и објаснете како ќе бидат исправени.

Почитувајте ги новинарите и нивните прашања
-Одговарајте директно и не покажувајте непријателски став.
-Дозволете дополнителни прашања и покажете трпение.
-Ако нешто не знаете, признајте го тоа, наместо да шпекулирате.

Објаснете ги следните чекори без да ја политизирате трагедијата
-Кажете кои итни мерки се преземаат за да се реши ситуацијата.
-Смирете ја јавноста со факти, а не со празни ветувања.
-Фокусот треба да биде на жртвите и нивните семејства, а не на политички интереси.

Претходно ЗНМ објави и низа совети за тоа како политичарите не треба да се однесуваат во моменти на трагедија.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни