Знаете ли што значи LEGO?

LEGO е еден од најпознатите брендови во светот, со кој пораснаа генерации деца и има многу препознатливо лого. Но, многумина немаат поим што значи LEGO.
Фото: Dirk Vorderstraße, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Креатор на популарните коцки е Оле Кирк Кристијансен, но неговата компанија првично не се занимавала со производство на играчки. Големата депресија и глобалната финансиска криза од 1929 година го принудија Кристијансен да размислува надвор од рамката и да смисли нови начини да го одржи својот бизнис во живот.

Почнал да прави нови производи кои лесно можеле да се продаваат, како што се скали, даски за пеглање и други секојдневни предмети. Со цел да го зголеми профитот, претприемачот го проширил својот бизнис на производство на дрвени играчки во 1932 година. До 1935 година, бизнисот станал толку профитабилен што Кристијансен одлучил да смисли ново име и, според веб-страницата на LEGO, наводно одржал натпревар меѓу своите вработени за да најде добро име за компанијата. Победникот на натпреварот (кој освои шише од неговото домашно вино) беше – тој.

Добро, што значи LEGO?

Предлогот на Кристијансен беше мешавина од данските зборови Leg и Godt, што во превод значи „Играј добро“, а новото име на данскиот бренд официјално се користи од јануари 1936 година. „Намерата на името е да го одрази квалитетот и детското право на пријатна игра“, објаснија тие на страницата LEGO, а тимот го коментираше ова откритие на социјалните мрежи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни