Знаете ли кој витален орган е загрозен ако кафето е првото нешто што го пиете наутро?

Најчесто, шолја врело кафе е првото нешто по кое посегнуваме веднаш штом ќе станеме. Но, дали знаете дека овој избор може дополнително да го оптовари организмот кој и онака е малку дехидриран по добариот сон?

Нашата утринска рутина може да има значително влијание врз нашето целокупно здравје, особено на срцето и крвните садови. Нутриционистите откриваат дека има едноставен начин да направиме нешто добро за нашето тело наутро, за срцето да ни биде благодарно.

„Кога се будиме, телото е малку дехидрирано, бидејќи губи течност во текот на ноќта. Кафето, како диуретик наутро, дополнително ја влошува оваа дехидрација и затоа може да го напрега срцето и крвните садови. Познато е, инаку, дека најголем број на срцеви удари се случуваат во првиот дел од денот, односно во утринските часови, а дехидрацијата може да биде една од причините“, предупредуваат нутриционистите.

Наместо кафе на празен стомак, хидрирајте се со чаша вода, а потоа појадувајте што содржи многу протеини и растителни влакна. Дури после тоа, уживајте во кафето. За ваквиот тек на утринските навики, телото ќе ви биде многу благодарно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни