Знаете ли каде настанал знакот „стоп“?

Во 1968 година Виенската конвенција за сообраќајни знаци го утврди осмоаголниот облик како меѓународен стандард.

Знакот „стоп“ е сигурно еден од најпрепознатливите на патиштата – и со право, бидејќи претставува сообраќаен знак од исклучителна важност. Октагоналниот знак потекнува од Соединетите Американски Држави, каде што е воведен во 1920-те години, пишува Ревија ХАК.

Во тоа време се испробувани различни облици на сообраќајните знаци. Осмоаголниот облик е избран како победничко решение бидејќи јасно се разликувал од другите знаци и бил забележлив дури и при слаба видливост.


Во 1968 година, Виенската конвенција за сообраќајни знаци го утврди осмоаголниот облик како меѓународен стандард и од тогаш станал стандард и во Европа.

До тогаш, на европските патишта се користеле разни решенија, како триаголник со натписот стоп, кои не биле толку ефикасни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни