Знаете ли каде е изграден првиот автопат на светот?

Патот кој го отвори италијанскиот крал Виторио Емануеле III, денес е дел од италијанската мрежа на автопати и носи ознака А8. Наречен е Аутолаги – „Автопат на езерата“ бидејќи значително го олеснил (баш како идните) туристи патувањето до езерата Маџоре, Лугано и Комо


Првиот автопат на светот го поврзува Милано и Варезе, а денес е дел од италијанската мрежа на автопати и носи ознака А8. Toj бил пуштен во сообраќај пред сто години, во септември 1924 година, и го поврзал Милано и Варезе, педесет километри северно, на северот на Италија.

Патот кој го отвори италијанскиот крал Виторио Емануеле III, денес е дел од италијанската мрежа на автопати и носи ознака А8. Наречен е Аутолаги – „Автопат на езерата“ бидејќи значително го олеснил (баш како идните) туристи патувањето до езерата Маџоре, Лугано и Комо.
Бил тоа првиот дел од италијанската мрежа на автопати, која многу брзо се развила, а по него се продолжува „главниот“ италијански автопат (кој, се разбира, води кон Рим), А1 – Милано-Рим-Напули, или популарно познат како Аутострада дел Соле.

Првиот автопат и првите наплатни рампи
Најзаслужен за изградбата на првиот автопат на светот бил миланскиот инженер Пјеро Пуричели, кој не само што визионерски го замислил и дизајнирал патот само за автомобили (визионерски бидејќи во Италија во 1920-те години ги имало многу малку), туку и управувал со сите бирократски и правни аспекти на изградбата.

Првиот современ автопат завршен е за 15 месеци. Имал по две ленти во секој правец, одвоени со двојна линија, бил широк 11 метри и 14 метри со застанувачки ленти. Покрај патот имаше наплатни куќички – исто така први во светот, а патнината чинела 10 лири.

Иако Аутолаги несомнено е првиот изграден автопат во светот, слична идеја била реализирана во Германија 1909 година, кога во Берлин бил изграден пат помеѓу Груневалд и Ванесеа со ленти одвоени со зелен појас, но наменет само за тестирање на возилата.

Првиот автопат во Германија бил отворен 1932 година – делницата Келн-Бон. Данска добила следниот автопат 1956 година, а Обединетото Кралство делница од 13 километри 1958 година. Првиот автопат во Јапонија бил пуштен во сообраќај 1965 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни