Повеќето луѓе веќе го имаат витаминот Д кој му е потребен на нивното тело, но последните години бројката на луѓе кои имаат нестотаток од овој витамин се зголемува. Ова е затоа што витаминот Д неможе толку лесно да го внесуваме како што се некои други хранливи материи. Нашето тело произведува мала количина на витамин Д кога сме на сонце, а исто така може да се најде и во храна како риба, жолчки од јајце а и во форма на додаток во исхрана- суплемент.
Недостатокот на витамин Д може да биде тешко да се дијагностицира бидејќи не предизвикува никакви симптоми или неговите симптоми се слични со многу здравствени состојби. Но, добрата вест е тоа што недостатокот на витамин Д релативно лесно се лекува со суплементи.
Ова се некои од знаците кои укажуваат на тоа дека можеби имате недостаток од витамин Д.
Замор или поспаност
Сеуште не е доволно јасно зошто ниското ниво на витамин Д може да направи да се чувствувате уморно или поспани, но повеќе студии покажуваат дека луѓето кои земаат додатоци на витамин Д многу поретко чувствуваат замор и истовремено забележуваат и зголемување на целокупното ниво на енергија.
Често се разболувате
Витаминот Д го зајакнува имунолошкиот систем. Ако постојано се разболувате дури и со мали инфекции – недостатокот на витамин Д можеби е главната причина. Истражувањата кои биле направени за време на КОВИД – пандемијата покажале дека луѓето со недостаток на витамин Д имале значително намален имунитет и истите имале поголем ризик да добијат КОВИД.
Болки во мускулите
Витаминот Д има голема улога во функционирањето на мускулите. Ниските нивоа на витамин Д може да ја зголемат веројатноста за појава на симптоми како што се губење на мускулниот тонус, атрофија (губење на мускулите), слабост и болка.
Опаѓање на косата
Витаминот Д игра важна улога во регулирањето на растот на косата, вклучувајќи ја и регенерацијата на нова коса. Сепак, можно е поради недостаток на витаминот Д да се забави растот на косата.
Алопеција е автоимуно нарушување кое предизвикува опаѓање на косата. Луѓето со алопеција имаат пониски нивоа на витамин Д, а локални третмани со витамин Д се користат за подобрување на симптомите.
Егзема
Познато е дека витаминот Д влијае на имунолошкиот систем и функцијата на бариерата на кожата, кои се две клучни работи за развојот на егзема. Егземата е група на хронични кожни заболувања кои можат да предизвикаат воспаление, иритација и оток на кожата.
Пониските нивоа на витамин Д во крвта се поврзани со појава на егзема како и влошување на симптомите од неа. Дополнувањето со витамин Д во форма на таблети може да ја подобри егземата во зима.
Извор: https://www.health.com/mind-body/vitamin-d-health-risks