Знаци дека телото ви е полно со токсини

Токсините се акумулираат во телото од храната и пијалоците што ги консумираме, но и преку кожата и воздухот што го дишеме. Кога количината на токсини во телото ќе стане преголема, телото страда. Во тој момент потребно е чистење.
Фото: Freepik

Експертите советуваат дека треба од време на време да му дозволуваме на организмот да одмори од чистењето токсини и да го подобриме варење на храната. Колку е подобро варењето, толку сме поздрави.

Луѓето кои имаат вишок на токсини во телото ги чувствуваат мирисите посилно бидејќи нивните сетила се поакутни.

Ова се симптоми дека вашето тело е полно со токсини и вика за чистење:

Се чувствувате сити и надуени

Ако телото не може правилно да го исфрли отпадот, се јавуваат проблеми. Движењето на дебелото црево треба да се случува најмалку еднаш дневно. Имено, доколку отпадните материи не го напуштат телото, може да се вратат во крвотокот и да направат проблеми. Надуеноста е најчест симптом на премногу токсини во организмот, особено ако тоа трае долго.

Не можете да спиете правилно

Тешко ви е да заспиете или често се будите навечер, па следниот ден сте уморни.

Имате лош здив

Кога цревата и црниот дроб не можат правилно да се ослободат од токсините, тогаш може да има и непријатен мирис од устата бидејќи бактериите се таложат на јазикот.

Јазикот ја менува бојата

Доколку бојата на јазикот стана белузлава или жолтеникава, тоа значи дека се таложат бактерии.

Како да ги отстраните токсините од телото?

Сауната е одличен избор бидејќи потта ги исфрла токсините од телото. А постот е еден од начините да си го олесните телото и да му дадете можност малку да се одмори.

Идеално би било да постите еднаш неделно и тогаш да не внесувате ништо во телото освен вода. Постот завршува на вториот ден наутро со пиење свеж сок од овошје или зеленчук. Подоцна истиот ден се јаде лесна супа, а навечер варен зеленчук.

Јадењето одредена храна исто така помага. Постојат намирници кои ги врзуваат токсините за себе и на тој начин помагаат да се исфрлат од телото. Такви се коријандер, брокула, алги…

За коријандерот се вели дека е меѓу најдобрите средства за чистење на телото од отрови и тешки метали.

Извор: Крстарица

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни