Акциите на Тесла остро паднаа на њујоршката берза по жестоката размена на критики помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и сопственикот на компанијата за електрични возила, Илон Маск.
Според AFP, акциите на Тесла се намалија за 8,64 проценти, достигнувајќи цена од 303,35 долари.
Трамп жестоко го критикуваше Маск, кој своевремено беше негов советник, а Маск му одговори веднаш преку неговата платформа X (поранешен Twitter).
Американскиот претседател изјави дека не знае дали нивниот однос ќе продолжи, нагласувајќи дека е „многу разочаран“ од критиките на мултимилијардерот во врска со предложениот буџетски закон.
„Илон и јас имавме добар однос. Не знам дали тоа сè уште важи. Бев изненаден“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, откако Маск го нарече предлог-законот „одвратен“.
На тоа, Маск му возврати нарекувајќи критиките од Трамп – „глупости“.