“Може ли да никне злото во село воблизина на Токио, каде компанија од градот планира да гради гламурозен камп за „бегство во природата“, нарушувајќи го животот на мештаните? Со овие проблеми се соочуваат ликовите во јапонскиот филм Злото не постои, кој е составен дел од главната селекција на МАНАКИ 45.
Претходниот филм на режисерот Риусуке Хамагучи, Вози ја мојата кола се закити со Бронзената Камера 300, а неговиот нов филм Злото не постои го освои Сребрениот лав, односно Главната награда од жирито во Венеција.