Незапамтено злосторство вчера го потресе Прилеп.
Според пишувања на медиумите и објави на социјалните мрежи, возрасен маж го убил својот малолетен внук и неговиот татко по што самиот си го одзел животот.
На двојното убиство според написите, му претходела и заложнича драма и закани со активирање на бомба.
Неколку часови откако ги убил својот зет и внук, убиецот самиот си го одзел животот.
Повеќе информации се очекуваат од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство.