Златото повторно блеска: Eксперти предвидуваат нов раст на вредноста

По неколку недели нестабилност на глобалните пазари, златото повторно се враќа како сигурно прибежиште за инвеститорите. Иако во последните две недели цената забележа благ пад, аналитичарите сметаат дека станува збор за привремена корекција, по која би можел да следи нов раст.

Во изминатите шест месеци, вредноста на златото пораснала за речиси 24%, што го потврдува неговиот статус како најстабилен показател во услови на геополитичка и економска неизвесност. Во последниот месец, сепак, поради привремен пад на побарувачката и колебања на светските пазари, растот се намалил на околу 3%.

Според економските аналитичари, овој пад не треба да се гледа како предупредување, туку како можност за нови вложувања. „Историјата покажува дека златото секогаш ја враќа својата вредност особено во време на политички и финансиски турбуленции“, наведуваат експертите.

Златото традиционално се смета за најсигурна форма на капитална заштита, бидејќи не зависи директно од каматни стапки или инфлациски притисоци. Поради тоа, во услови на зголемена волатилност и несигурност на берзите, инвеститорите повторно се насочуваат кон овој племенит метал.

Зголемената побарувачка за физичко злато, златни полуги и инвестициски монети се забележува и на европските пазари, а интересот за фондови кои ја следат вредноста на златото расте од недела во недела.

Аналитичарите очекуваат дека цената на златото ќе продолжи да расте во наредните месеци, поттикната од постојаните геополитички тензии и санкции на глобалниот пазар на енергенси. Според нив, моменталниот пад може да биде „совршен момент“ за влез на нови инвеститори, додека постојните ќе можат да очекуваат стабилен раст на своите вложувања.

Во време кога глобалните финансиски системи се соочуваат со непредвидливи промени, златото повторно ја потврдува својата улога на симбол на стабилност и сигурност и останува еден од најважните елементи во секоја долгорочна инвестициска стратегија.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни