Ален и Ружди Рустемовски освоија златни медали на Балканското првенство, Ардијан Рустемовски сребро.
Тројцата боксери, кои го носат познатото боксерски презиме Рустемовски, членови на боксерскиот клуб Пелистер јунак од Битола овој пат во дресот на македонската боксерска сениорска репрезентација постигнаа одлични резултати на Балканското првенство во бокс во Лозница, Србија, од каде се враќаат со две златни медали и еден сребрен.
Ален и Ружди Рустемовски по 30 и неколку години освоија златни медали за Македонија во сениорска конкуренција на Балканското првенство во бокс во Лозница, Србија.
Ален Рустемовски, во катехоријата до 57 килограми, во финалето прикажа бескомпромисна и жестока борба против многу добриот Украински боксер Денис Роздолски.
Ружди Рустемовски, во катехоријата до 60 килограми, како и во полуфиналето боксираше трактички мудро против домашниот боксер Стефан Чамовиќ, со кого добро се познаваат. Мечот беше изедначен, одлучуваа нијанси. Ружди победи со поделена одлука.
Претходно Ардијан Рустемовски освои сребрен медал откако во финалето загуби од Украинецот Зименко.