Златните резерви во Америка надминаа билион долари: Еве кој го држи американското богатство

Златните резерви во Америка надминаа билион долари

Вредноста на златните резерви на Министерството за финансии на САД денес надмина еден билион долари поради рекордниот раст на цената на овој скапоцен метал.

Цените на златото скокнаа во текот на денот на повеќе од 3.824 долари за унца, што претставува зголемување од 45 проценти од почетокот на годината, објавува Блумберг.

Зголемувањето на цените на златото беше поттикнато од инвеститорите кои бараат безбедно засолниште во услови на трговски војни, геополитички тензии и страв од можен финансиски колапс во Соединетите Американски Држави.

Дополнително, инвеститорите сè повеќе веруваат дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки до крајот на годината, па затоа ги пренасочуваат своите инвестиции кон злато и други скапоцени метали.

Пазарите во моментов проценуваат дека веројатноста за намалување на каматните стапки во Соединетите Американски Држави во октомври е 90 проценти, додека шансите за понатамошно олабавување на монетарната политика во декември се проценуваат на околу 65 проценти.

Повеќе од половина од американското злато е складирано во Форт Нокс, додека остатокот е распределен помеѓу депозитите во Вест Поинт, Денвер и под зградата на Федералните резерви на Менхетен.

Вкупната количина е околу 261,5 милиони унци. За разлика од повеќето земји, американското злато го држи директно владата, а не централната банка.

Наместо тоа, Федералните резерви поседуваат сертификати за злато што одговараат на вредноста на акциите на државната каса и за возврат ѝ позајмуваат долари на владата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни