Златниот круг на времето на Ацо Шопов преведена на словенечки

Во Словенија, неодамна беше објавен избор од поезијата на македонскиот поет Ацо Шопов под наслов „Златен круг на времето“. Ова двојазично, луксузно издание, кое го комбинира македонскиот оригинал со словенечки препеви, воспоставува дијалог помеѓу неговата поезија и уметничките дела на академскиот сликар Боге Димовски. Книгата е првиот таков формат на македонски класик издаден во странство и ги опфаќа препевите на неколку генерации словенечки преведувачи, од педесеттите години на XX век до денес.

Изборот содржи песни од сите збирки на Шопов, распоредени во неколку циклуси, и е збогатен со студија на македонистката Намита Субиото за рецепцијата на неговата поезија во словенечката културна средина. Првите промоции на книгата ќе се одржат во Љубљана и Крањ, организирани од македонските културни друштва во Словенија и македонската амбасада.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни