„Златна малина“ 2026: „Војна на световите“ убедливо најлош филм на годината

Доделени наградите „Златна малина“ за 2026 година – „Војна на световите“ доминира како најлош филм, заедно со повеќе негативни признанија.

Објавени се добитниците на 46-тото издание на наградите „Златна малина“, кои традиционално се доделуваат за најлошите филмски остварувања во изминатата година. Овој пат еден филм особено се издвои и доминираше во негативна смисла.

Филмот „Војна на световите“ освои најмногу „признанија“, меѓу кои за најлош филм, најлош римејк, најлошо сценарио и најлош режисер. Критиките го зафатија и раперот и актер Ајс Кјуб, кој беше прогласен за најлош актер за својата улога во овој проект. Иако имаше шест номинации, филмот не „победи“ само во категоријата за најлоша комбинација на екранот. Дополнително, се најде и меѓу најлошо рангираните филмови на сите времиња.

Во другите категории, наградата за најлоша комбинација на екранот им припадна на компјутерски генерираните џуџиња од играна верзија на „Снежана“, кои беа прогласени и за најлоши споредни актери. За најлоша главна женска улога беше избрана Ребел Вилсон, додека титулата за најлоша споредна актерка ја доби Скарлет Роуз Сталоне за улогата во филмот „Револвераши“.

Од друга страна, специјалната награда за „искупување“ ѝ припадна на Кејт Хадсон. Ова признание се доделува на актери кои во минатото биле номинирани или наградени со „Златна малина“, но подоцна успеале да го подобрат својот углед со успешни улоги.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни