Златна лира, фестивал на музичките уметници на Македонија

„Златна лира“ е манифестација со богата традиција, посветена на промоција на светското и на домашното исполнителство, но и творештво. Оваа година, фестивалот ќе понуди десет исклучителни концерти со богат и разновиден репертоар

Осумнаесеттото издание на „Златна лира“, фестивал на музичките уметници на Македонија во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија – СМУМ ќе се одржи од 8 октомври до 9 ноември во Музејот на македонската борба.

„Златна лира“ е манифестација со богата традиција, посветена на промоција на светското и на домашното исполнителство, но и творештво. Оваа година, фестивалот ќе понуди десет исклучителни концерти со богат и разновиден репертоар.

Ќе бидат претставени дела од македонскиот камерен опус, заедно со композиции на светски автори, овозможувајќи совршен спој на локални и глобални музички традиции во врвни изведби на реномирани музички уметници меѓу кои камерните состави: Пијано трио (Татјана Петрушевска – обоа, Марјан Милошевски – фагот и Петар Макариевски – пијано), Горан Начевски (баритон) и Николета Конти (пијано), Весна Ѓиновска Илкова (сопран) и Кристина Светиева (пијано), Дуо пијано Божиновска – Димовска, Лазар Соколов (саксофон) и Емилија Кабранова – Филипова (пијано), Елена Атанасовска Ивановска (пијано), Владимир Костов (виолина) и Цветанка Созовска (чембало), Триото АУРА (добитници на наградата „Златна лира“ во 2023 година) и Даница Стојанова (пијано).

На свеченото затворање на фестивалот на 3 ноември ќе биде доделена и наградата „Златна лира“ што СМУМ традиционално ја доделува на музички уметници или ансамбли за врвни уметнички достигнувања во текот на изминатата година.

Во рамките на својата редовна концертна програма, фестивалот „Златна лира“ традиционално ќе ја отстапи својата сцена и на младите уметници со цел нивна промоција и афирмација на почетокот на концертната кариера. Ваквата можност да го претстават својот талент на професионалниот концертен подиум е особено значајна за младите музичари и нивниот понатамошен развој и напредок на уметничкиот пат.

.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни