Заврши 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Златна „Камера 300“ за германската кинематограферка Џудит Кауфман

Највиското фестивалско признание и се додели на Кауфман заради „одличната кинематограферска поддршка и конзистентна слика“ која како што рече претседателот на жирито Џон Сил, кинематограферката Кауфман меѓепснички ја прикажа драмата во сценариото на филмот „Наставничка канцеларија“

Стручното жири на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) “Браќа Манаки“ одлучи највиското фестивалско признание да и го додели на Кауфман заради „одличната кинематограферска поддршка и конзистентна слика“ која како што рече претседателот на жирито Џон Сил, кинематограферката Кауфман меѓепснички ја прикажа драмата во сценариото на филмот „Наставничка канцеларија“.

Сребрената „Камера 300“ ја доби Ранабир Дас од Индија, додека бронзената ја освои Расмус Видебек од Данска.

Џудит Кауфман е наградувана кинематограферка  позната во филмовите „Корсаж“ (2022), „Мојата прекрасна ванда“ (2020), „13 минути“ (2015), „Меѓу световите“ (2014), „Два живота“ (2012), „Кога заминуваме“ (2010), „Четири минути“ (2006) и „Скршено стакло“ (2002), а во моментов снима нов филм и затоа не присуствуваше на свеченоста во Битола.

Бронзената „Камера 300“ ја освои Расмус Видебек од Данска, кинематографер во филмот „Ветената земја“.

Со одлука на жирито, специјално признание беше доделено на кинематограферот Пабло Лозано, а наградата ја врачи министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

ИФФК „Браќа Манаки“ година внесе повеќе фестивалски новини и додели награди за креативна синергија и соработка во филмот која ја примија Алис Брукс и Дејвид Смит, наградата во категоријата Европска Ло-Кап програма му припадна на Витаутас Каткус, наградата за најдобар кинематографер во категоријата документарен филм ја доби Хатем Нечу, за најдобар кинематографер во категоријата краток филм беше прогласен Хелсио Алемао, а награда доби и кинематограферот Марго Бесон кој со филмот „Ананси“ се натпреваруваше во студентската програма.

Организаторот посебно признание „Пионер во професијата“ додели на кинематограферката Ненси Шрајбер која се заблагодари на градот и фестивалот за приемот во Битола и Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни