„Златна европска камера“ на МАНАКИ – простор за промоција на кинематографер(к)ите од помалите земји

МАНАКИ 45 оваа година иницира нова селекција на европски филмови од земји со низок продукциски капацитет

Трудејќи се да отвори дополнителен простор за промоција на кинематографер(к)ите од помалите земји, МАНАКИ 45 оваа година иницира нова селекција на европски филмови од земји со низок продукциски капацитет, кои ќе се натпреваруваат за наградата „Златна европска камера“.

Ова се првите три филма од оваа селекција:

ЛОТО: љубовта, криминалот, тајните и соништата се испреплетени во оваа приказна со многу ликови која заводливо се расплеткува во една тесно поврзана маалска заедница во приморски град во Грузија. ЛОТО е филм со грузиско-литванска копродукција, кој беше прикажан на Интернационалниот филмски фестивал во Ротердам, работен од кинематограферот Гиорги Швелиѕе, добитник на ASC Spotlight наградата во 2019 година, 📽️ https://www.youtube.com/watch?v=EvI-v4DX6BY

БЕГАЈ е доловен Казахстан во времето на Советскиот Сојуз, во 1930-тите години, време обележано со брзата колективизација (во земјоделството и сточарството) на Сталин и најбруталната глад што модерниот свет некогаш ја видел. Локалниот гробар Исатај мора да се соочи со тежок избор. Кинематографер е Азамат Дулатов, кој е добитник на наградата за најдобра кинематограферска работа на Asia Pacific Screen Awards, а филмот беше прикажан на Интернационалниот филмски фестивал во Шангај.📽️

https://www.youtube.com/watch?v=KNxS2HYjQqw

БЕЗБЕДНО МЕСТО еден потресен настан, обид за самоубиство, создава амбис во секојдневниот живот на едно семејство. Нивните животи фундаментално се менуваат, како да почнала војна невидлива за сите други. Филмот е од хрватско-словенечка копродукција, а кинематографер е Марко Брдар, добитник на Златна Арена во Пула. БЕЗБЕДНО МЕСТО беше прикажан на филмските фестивали во: Локарно, Шангај, Пула, Пекинг, Варшава, Загреб, номиниран за Европските филмски награди и Гоја, односно вкупен добитник на 42 награди, меѓу кои и 3 награди во Локарно. 📽️ https://www.youtube.com/watch?v=BiYrQ2D0KJc

Најново

Последни колумни