29. издание на „Златна буба мара на популарноста“ на 26 февруари

Една од најдолговечните домашни манифестации повторно ќе ги обедини најпопуларните имиња од јавната сцена

29. издание на Златна буба мара на популарноста ќе се одржи на 26 февруари, во арената Борис Трајковски.

    Манифестацијата, која со децении претставува симбол на популарноста и директниот глас на публиката, и оваа година ќе ги обедини највлијателните имиња од македонската јавна сцена – музичари, актери, телевизиски личности, спортисти и други јавни фигури кои оставиле впечаток кај публиката во изминатиот период.

    „Златна буба мара“ е препознатлива по својот автентичен концепт, хумор и сатиричен осврт на актуелните општествени случувања, што ја издвојува како настан кој одамна ги надминува рамките на класично доделување награди. Признанијата се доделуваат врз основа на популарноста и влијанието кај публиката, што на манифестацијата ѝ дава посебна тежина и релевантност.

    Организаторите најавуваат свечена програма со музички настапи, изненадувања и емотивни моменти, како и доделување награди во повеќе категории, вклучително и специјални признанија.

    Со своето 29. издание, „Златна буба мара на популарноста“ уште еднаш ја потврдува својата позиција како културен и медиумски феномен кој успешно опстојува и се развива во чекор со времето.

    Билетите се веќе достапни онлајн преку платформите MK Tickets и Karti, додека ограничен број билети може да се набават и преку физичка продажба во цвеќарницата „Розе Веро 2“.

    е-Трн да боцка во твојот инбокс

    Последни колумни