Според информациите, меѓу исчезнатите предмети се четири златни белегзии од средното бронзено доба пронајдени во Повис, Велс, како и златна лунула – украс во форма на полумесечина што се носи како огрлица – од Ланлифни, Гвингед, пренесува британскиот „Телеграф“.
Полицијата исто така трага по пет златни предмети од средното бронзено доба од Керматеншир и по уште три вредни златни артефакти од истиот период откриени во Хејоп (Повис).
Според полицискиот извештај, предметите биле украдени на 6 октомври, околу половина час по полноќ.
Во рамки на истрагата била приведена 45-годишна жена, која подоцна е пуштена на кауција.
🚨 Bronze Age gold jewellery has been stolen from a museum in Cardiff.
— The Telegraph (@Telegraph) November 19, 2025
South Wales Police said several “irreplaceable” items were stolen.
Read more: https://t.co/XhQEGcZf0F pic.twitter.com/CLmlRNnQrO
Гевин Барнет (43) се појавил во средата пред Крунскиот суд во Нортамтон преку видео-линк од затворот Питерборо, каде се изјаснил дека не е виновен по обвинението за провала. На истото рочиште тој се изјаснил за невин и по обвиненијата за заговор за провала, заговор за кражба и закана со убиство. Очекува да му се суди во април.
Дарен Барнет (50), исто така од Нортамтон, се појавил преку видео-линк на 25-минутно сослушување, но од него не било побарано да даде исказ за вината. Неговото следно судење е закажано за 11 декември.
Украдените предмети потекнуваат од музејот што е отворен во 1948 година во замокот Сент Фаганc и претставува една од најпопуларните туристички атракции во Велс.
Извор: N1info.rs
