„Златен лав“ за Poor Things на Јоргос Лантимос

Филмот Poor Things (Сироти) на грчкиот режисер Јоргос Лантимос го освои „Златниот лав“ на 80. издание на Филмскиот фестивал во Венеција, што заврши синоќа. Филмот припаѓа на жанрот црна комедија и е заснован на истоимениот роман од 1992 година. Главните улоги ги толкуваат: Ема Стоун, Марк Рофало, Вилем Дефо, Реми Јусеф, Кристофер Абот и Џерод Кармајкл.

Наградата „Копа Волпи“ Најдобра актерка е прогласена Кејли Спени за поранешната жена на кралот на рокот Елвис Присли, „Присила“, а најдобар актер – Питер Сарсгард, за главната улога во бруталната семејна драма „Сеќавање“ (Memory).

„Сребрен лав“ освои филмот Evil Does Not Exist (Злото не постои), мистериозна рурална драма што ја режираше Јапонецот Риусуке Хамагучи.

Меѓу другите награди се истакнува посебната награда за филмот Green Border (Зелена граница), многу тежок филм за мигранти што ја блокираат полско-белоруската граница во режија на полската режисерка Агнешка Холанд.

Најдобар режисер е прогласен Италијанецот Матео Гароне за „Јас капетан“, кој исто така ја третира темата на мигрант што придруѓува тинејџери од Сенегал додека ја поминуваат Африка во надеж дека ќе стигнат до Европа. Младата ѕвезда на филмот Сејду Сар е добитничка на наградата за најдобра млада актерка.
За филмот „Гроф“ (El Conde), сатиричен филм за чилеанскиот диктатор Аугусто Пиноче.

Церемонијата на свеченото затворање го заокружи 11-дневно долгиот филмски маратон кој оваа година не беше придружен со вообичаеното дефиле на филмски ѕвезди, кои поради долготрајниот штрајк на актерите во Холивуд, не дојдоа да ги промовираат своите остварувања, пишува „Ројтерс“.

Примајќи ја наградата за најдобар актер Сарсгард предупреди на опасноста од вештачката интелигенција и нејзиното место во филмската индустрија, зашто последиците ќе бидат далеку поголеми од филмската индустрија Холивуд.

– Целото искуство на човечкиот живот ќе биде предадено во рацете на машините и на осум милијарди што ги поседуваат. Затоа, ако ја изгубиме оваа битка во штрајкот, нашата индустрија ќе биде првата што ќе падне – рече тој.

Најново

Последни колумни