Во четврток на 7-ми ноември во МКЦ во Денсинг салата, македонскиот бенд Зијан ќе одржи концерт со кој ќе одбележи 42 години на македонската сцена.
,,Со гордост ви најавуваме незаборавен концерт на легендарниот бенд Зијан, кој последен пат настапи во МКЦ во раните 90-ти, пред цели 30 години. Ова е ексклузивен настан кој ја слави нивната 42-годишна кариера и неверојатната енергија на оригиналниот состав кој и денес со иста страст ги изведува своите хитови. Од победата на „Гитаријада“ во Зајечар до настапите со бендови како „ЕКВ“, „Партибрејкерс“, „Електрични оргазам“, Зијан останува важен дел од музичката историја на Македонија и регионот” велат организаторите.