Класичниот бисер „Жизел“ во изведба на Националната опера и балет

Балетот „Жизел“ од Адолф Адам ќе се изведе на 27 февруари во Националната опера и балет со диригент Едуард Амбарцумјан.

Балетот „Жизел“ од Адолф Адам ќе биде изведен на 27 февруари со почеток во 19.30 часот на сцената на Национална опера и балет.

Во насловната улога – Жизел ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, додека улогата на Алберт ја толкува Балаж Лочеи. Како Мирта настапува Илијана Данилов, а во улогата на Хиларион – Бобан Ковачевски. Во изведбата учествуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент на изведбата е Едуард Амбарцумјан од Ерменија. Кореографијата е по Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, во адаптација на Ирена Пасариќ од Хрватска. Костимограф и коавтор на сценографијата е Александар Ношпал, сценографијата е во соработка со Михајло Стојановски, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а дизајнот на светло е на Милчо Александров.

„Жизел“ е едно од најпознатите дела од класичниот балетски репертоар. Делото ја раскажува приказната за љубовта, измамата и прошката, при што вториот чин се одвива во светот на вилите. Балетот е препознатлив по лиричната музика и карактеристичната кореографија, што го одржува неговото присуство на светските и домашните сцени.

Премиерно изведен во Париз во 1841 година, „Жизел“ се смета за едно од врвните остварувања на романтичниот балет. Особено значаен е таканаречениот „бел чин“, кој претставува еден од најпрепознатливите симболи на класичната балетска естетика.

Изведбата ќе се одржи на 27 февруари во 19.30 часот во Националната опера и балет. Информации за билети се достапни преку официјалните канали на институцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни