Зимското сметање на времето, спиењето и здравјето

Една од причините кои најчесто се наведуваат како мотив за напуштање на летното сметање на времето се научните истражувања за влијанието на менувањето на часовникот врз здравјето на луѓето, кои се почесто се спроведуваат ширум светот, а најмногу ги покажуваат негативните последици од оваа практика.

Иако Европската унија пред неколку години најави дека ќе го укине летното и зимското сметање на времето и ќе донесе унифициран временски систем, тоа се уште не се случи.

Во Европа летното сметање на времето годинава завршува на 29 октомври, што значи дека ноќта меѓу 28 и 29 октомври во 3 часот по полноќ ќе ги поместиме стрелките на часовникот еден час наназад, односно на 2 часа.

Пократките денови и подолгите ноќи може да бидат многу тешки за некои луѓе и да доведат до зимска депресија, варијации на крвниот притисок, главоболки, зголемена раздразливост. Повеќето луѓе се жалат дека се чувствуваат уморни, денот е премногу краток. Експертите предлагаат изложување на дневна светлина и пешачење како едно од најпрактичните решенија.

Укинување на летното сметање на времето
Европската комисија официјално предложи да се укине практиката на поместување на часовникот во Европската унија. Во летото 2018 година, Комисијата отвори јавна расправа за ова прашање и доби 4,6 милиони одговори.

Според тогашните европски медиуми, таа јавна дискусија била резултат на притисокот на Европскиот парламент, земјите членки, компаниите и граѓаните. Резултатот од јавната консултација беше дека 84 отсто од нив се изјасниле дека треба да се укине летното сметање на времето.

Во март 2019 година, Европскиот парламент гласаше за укинување на поместувањето на времето двапати годишно следната година, во 2020 година, а земјите-членки добија рок до април 2020 година да се изјаснат дали ќе користат летно или зимско сметање на времето.

Планот беше земјите кои избраа да останат на летното сметање на времето, потоа да не го поместуваат часовникот назад, додека оние кои избраа зимско сметање на времето, да го поместат часовникот уште еднаш на 31 октомври 2020 година, по што ќе ја прекинат праксата.
Сепак, тоа никогаш не се оствари. Во март 2020 година беше прогласена пандемија на корона вирус, во повеќето европски земји беа воведени строги епидемиолошки мерки, а прогласувањето на ова прашање не беше наметнато како еден од приоритетите. Досега не е донесена одлука дали да се користи летно или зимско сметање на времето.

Една од причините кои најчесто се наведуваат како мотив за напуштање на летното сметање на времето се научните истражувања за влијанието на поместувањето на часовникот врз здравјето на луѓето, кои се почесто се спроведуваат ширум светот, а најмногу ги покажуваат негативните последици од оваа практика.

Катастрофално движење на часовникот
Студијата од 2016 година, која ја испитуваше врската помеѓу летното сметање на времето и сообраќајните несреќи, покажа дека од 2002 до 2011 година, летното сметање на времето предизвикало над 30 смртни случаи, со материјална штета од 275 милиони долари годишно.

Најпознат пример за земја која го одби летното сметање на времето е Русија, земја која опфаќа 11 временски зони. Во 2014 година, претседателот на Русија, Владимир Путин, одлучи земјата да ја отфрли практиката на летно сметање на времето. Од 26 октомври истата година, жителите на Русија повеќе не мораат да ги навиваат часовниците двапати годишно.

Досега, две американски држави, Аризона и Хаваи, се откажаа од менување на часовникот, и двете имаат усвоено постојано зимско сметање на времето. Канадските провинции Саскачеван и Јукон, од друга страна, оттогаш го прифатија постојаното летно сметање на времето.

Извор: danas.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни