Зимски услови низ Македонија: Магла до 50 метри, снег на Попова Шапка

АМСМ предупредува на зимски услови на патиштата низ Македонија – снег на Попова Шапка и намалена видливост поради магла на повеќе патни правци.

Зимски услови низ Македонија: Магла до 50 метри, снег на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, соопштија од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Врнежи од снег се евидентирани на Попова Шапка, при што има задржување на снег на коловозот на патниот правец од селото Лисец кон Попова Шапка, поради што се препорачува зголемена внимателност.

Поради густа магла, намалена видливост е забележана на повеќе патни правци:

  • до 80 метри на патот Штип – Неготино, кај Серта
  • до 50 метри во Крушево
  • до 100 метри на планинскиот премин Стража
  • до 50 метри во регионот на Маврово

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да се движат со прилагодена брзина, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на делниците каде постои опасност од одрони.

Зголемена претпазливост се препорачува на патните правци:

  • Катланово – Велес
  • Маврово – Дебар – Струга
  • Виница – Берово
  • Кочани – Делчево

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни