Исто така, од 15:25 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец Маврово – Дебар. Од 16:20 часот започна и забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, додека од 17:00 часот забранет е сообраќајот за товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.
Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата се присутни остатоци од кашест снег, кои се отстрануваат од дежурните екипи на „Македонија пат“.