Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ја организира биеналната изложба „Зимски салон 2026“, која ќе биде отворена на 26 февруари 2026 година (четврток), со почеток во 20:00 часот.
Настанот ќе се одржи во Националната галерија – објект Мала станица во Скопје.
Годинашна селекторка и кураторка на изложбата е Лилијана Степанчиќ од Љубљана, Република Словенија.
„Зимски салон“ е еден од позначајните изложбени формати во организација на ДЛУМ и претставува биенален преглед на современото ликовно творештво, со учество на домашни уметници.
Организаторите упатуваат покана до јавноста да присуствува на отворањето и да биде дел од ова значајно културно случување.