Спектакуларно отворени Зимските олимписки игри 2026 во Италија

Со голема церемонија на стадионот „Сан Сиро“ во Милано и паралелни сегменти во Кортина д’Ампецо, вечерва официјално беа отворени Зимските олимписки игри 2026, кои ќе траат до 22 февруари. Настанот ја спои урбаната и алпската Италија и го означи почетокот на првите „двоцентрални“ Олимписки игри во историјата.

Под мотото „Armonia“, церемонијата беше организирана на повеќе локации, вклучително Ливињо и Предацо, со цел да се прикаже широкото географско домаќинство и концептот на „две срца“ – Милано и Кортина.

Музиката и културата беа во фокусот, со настапи на Мараја Кери и Андреа Бочели, како и визуелни сегменти посветени на италијанската мода и Џорџо Армани. Посебен историски момент беше палењето на два олимписки котли истовремено – во Милано и Кортина – како симбол на поврзување меѓу градот и планината.

Иако свеченото отворање се одржа вечерва, дел од натпреварите веќе започнаа, а првите медали се очекуваат во сабота, 7 февруари. По церемонијата, вниманието се префрла на спортските арени и патеки, каде ќе се пишува главната олимписка приказна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни