По сончевите и топли пролетни денови, веќе од вторник, 17 март, до петок претпладне, 20 март, Македонија ќе биде под влијание на зимски циклон со центар над Јонско море. Ладниот циклон ќе донесе зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со засилен ветер – од југоисточен во источните и од североисточен во западните предели.
Поради заладувањето, на планините и во скијачките центри ќе има врнежи од снег, со формирање на снежна покривка. Снежната граница ќе се спушта и под 1000 метри надморска височина, што значи дека снегот ќе го погоди и повисоките населени места, па дури и дел од градовите, особено во западните и северните предели на земјата.
Во Скопје и околината се очекува повеќе облачност и повремени врнежи од дожд, додека на околните планини ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, а температурите ќе паднат значително во споредба со почетокот на неделата.
Се на се, зимата не го кажала своето збогум – пред нас е нова голема промена на времето со значително заладување, дожд низ низините и снег на планините. За љубителите на зимските спортови и за оние што патуваат, ова ќе биде период кога вниманието и подготовката се задолжителни.