Зимата се враќа: циклонот носи обилни врнежи и над 50 см нов снег во македонија

Поради продор на значително постуден воздух од север кон јужна и југоисточна Европа, над Јонско Море и јужна Италија се формира длабок циклонски систем кој ќе има силно влијание врз времето во Северна Македонија.

Според најавите, промената ќе започне од вторник навечер (31 март) и ќе продолжи во текот на следните денови.

Дожд во градовите, снег на планините

Врнежите ќе бидат обилни, при што во пониските места ќе врне дожд, додека на повисоките предели и планините над 1000 метри ќе паѓа снег.

Најинтензивни врнежи се очекуваат во среда и четврток (1 и 2 април), кога локално може да наврнат над 50 литри дожд на метар квадратен.

На планините и скијачките центри снежната покривка ќе се зголеми за 40 до 50 сантиметри, а на места и повеќе од 50 сантиметри.

Снег и на пониски надморски височини

Поради студениот бран од север, снежната граница повремено ќе се спушта под 1000 метри, особено во северните и западните делови од земјата.

Тоа значи дека во повисоките населени места ќе има врнежи од влажен снег, што може да предизвика отежнати услови за сообраќа

Во Скопје и околината се очекуваат пообилни врнежи од дожд, проследени со засилен ветер од северен правец.

На околните планини повремено врнежите ќе преминуваат во снег.

Температурите ќе бидат под просекот за овој период – утринските ќе се движат од 0 до 9 степени, додека дневните ќе достигнуваат од 5 до 12 степени. Во Скопје, утринската температура ќе биде околу 7 степени, а дневната околу 10 степени.

Поради најавените обилни врнежи и снег, особено на планините и превоите, се апелира до возачите на зголемена внимателност при управување со возилата. Можно е отежнато движење и зимски услови на патиштата, особено на надморска височина над 1000 метри.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни