Темературите во земјава и понатаму остануваат ниски, а се очекува и нов снег, најавуваат метеоролозите.
„Повисоки температури се бележеа во западните предели од земјава, додека значително поладно е во источните и во североисточните предели, каде ноќеска имаше врнежи претежно од снег, а се очекува и формирање на помала снежна покривка. Во некои делови од земјава врнежите од снег ќе продолжат и во тек на денот. Ќе биде претежно тивко и без ветер“ најавуваат метеоролозите.
Врнежи од снег, ниски температури и поледица се најавуваат и во Србија и во земните од регионот.