Со доаѓањето на зимата, традиционално се јавуваат проблеми со акумулаторите. Студот и влагата ја намалуваат енергијата, па палењето на возилото со постар акумулатор станува вистинска „лотарија“.
Ниските температури го забавуваат текот на сите хемиски реакции во акумулаторот, со што неговата ефикасност паѓа. Исто така, студениот мотор и погустиот моторен масло бараат повеќе енергија, пренесува Revija HAK.
Совети при палење на возилото
- Исклучете што повеќе електрични потрошувачи пред да го палите моторот.
- Пумпата за гориво, инјекторите и системот за управување на моторот користат околу 400 вати.
- Вентилаторот и климата трошат до 500 вати.
- Светлата, радио уредите, греењето и задното греење можат да потрошат и до 1.000 вати.
- Со сите вклучени потрошувачи, алтернаторот ќе достигне својот максимум и повеќе нема да го полни акумулаторот, односно акумулаторот ќе се празни.
- Пред да го изгаснете моторот, повторете ја процедурaта и кратко исклучете ги повеќето електрични уреди, за акумулаторот да се наполни за следното палење.
Како да ја продолжите трајноста на акумулаторот
- Проверете ги стегачите и половите на акумулаторот – ако се оксидирани, нежно исчистете ги со шкурка, а потоа со мека крпа.
- Можете да ги премачкате со вазелин за заштита од корозија.
- Ако знаете како, проверете го нивото на електролит. Ако е ниско, додадете дестилирана вода до малку над рабовите на ќелиите.
Високата потрошувачка на електрична енергија влијае и на потрошувачката на гориво: 100 вати = 0,1 литар гориво.
