Жолта фаза и силен ветер: Расте ризикот од нови поплави во Македонија

Цела Македонија е во жолта предупредувачка фаза поради обилни врнежи и ветер над 70 км/ч. Најголем ризик од поплави има во западните и северозападните предели.

Целата територија на Македонија денес се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради обилните врнежи од дожд и засилениот ветер, кој повремено и локално може да достигне брзина од над 70 километри на час.

Според информациите објавени од метеорологзите, токму поради ваквите временски услови повторно се зголемува ризикот од појава на нови поплави и излевање на реките, особено во западните и северозападните делови на Македонија.

Во овие региони локално се очекуваат нови врнежи од над 30 литри на метар квадратен во период од 24 часа, што дополнително ја зголемува опасноста од покачување на водостоите и можни проблеми на терен.

Надлежните институции апелираат на внимателност, особено во подрачјата покрај реките и во регионите кои и претходно беа погодени од обилни врнежи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни