Политичка фигура доволно силна да ја пробие маглата на инертноста на либералната демократија и повторно да го разбуди јавниот ангажман. „Потребен ни е господар“, вели Жижек во поткастот „Downstream“ со Арон Бастани, „некој да ни удри клоца“.
„Не можеме да си го дозволиме овој бавен демократски процес на чекање да се појави добра, поотворена партија. Ни треба – ужасно е да се каже – господар да не разбуди“ вели Жижек
Сепак, тој нагласува дека ова не е повик за авторитаризам во класична смисла. Наместо тоа, тоа го одразува верувањето на Жижек дека либералната демократија стана премногу неефикасна за да се соочи со вистински кризи – климатски колапс, технолошки монополи, глобална нееднаквост. Во таков систем, за најитните прашања ретко се дебатира вели Жижек и додава дека политиката станува перформанс, а политичкиот субјект станува апатичен.
„Либералната демократија – нашиот повеќепартиски систем – станува сè понеефикасен… за вистинските прашања не се дебатира. Луѓето се помалку и помалку се заинтересирани за политички дебати“ вели Жижек
Тој тврди дека личностите како Трамп го пополниле овој вакуум не поради нивните политики, туку поради нивната нарушувачка сила. Хаосот, вулгарноста и непредвидливоста на Трамп се токму она што го прави да изгледа автентично за многумина. Неговиот успех, предупредува Жижек, не е историска грешка – туку израз на подлабока системска потреба.
„Непристојноста на Трамп, како кога го фаќаат во лажење и слично, функционира… Самиот факт што често го фаќаат во недоследности му функционира како аргумент. Тие велат: гледате, тој не е добро обучен, тој е човек како нас“.
Затоа, предизвикот за левицата не е да ја имитира вулгарноста на Трамп, туку да генерира сопствена фигура или движење способно да ја прекине магијата на либерализмот без да репродуцира десничарски нихилизам. Жижек ова го опишува како потреба од левичарски Трамп, некој кој не се потпира на радикалната естетика, туку јасно зборува за чувството на итност и неправда кај луѓето.
Според Жижек не е доволно да се чека следната криза и да се претпостави дека ќе ги доведе луѓето во левицата. Жижек потсетува дека од секоја голема криза во изминатиот половина век корист имала крајната десница. Левицата победува, вели тој, само кога ја освојува имагинацијата во периоди на стабилност.
„Кризата не помага. Стариот левичарски идеал беше: кога нацијата е во криза, тоа е нашата шанса. Дали забележавте? Во последниот половина век, ниту една криза не ја донесе левицата на власт – само екстремната десница“.