Животот во оваа земја е бајка: Евтино сместување “бесплатна“ храна! Балканот се повеќе се сели во оваа азиска земја

Сè повеќе Балканци избираат да живеат во Тајланд Фото: Profimedia На популарниот форум Редит корисниците ги наведоа причините поради кои се повеќе Хрвати, но и луѓе од Србија, избираат да живеат во Тајланд

Додека Европа се соочува со постојано зголемување на трошоците за живот, многу граѓани од Балканот, се свртуваат кон далечни дестинации во потрага по поквалитетен и попристапен живот. Една од земјите што се почесто се споменува е – Тајланд.

На популарниот форум Reddit, корисниците неодамна разговараа за причините поради кои се повеќе Хрвати, но и луѓе од Србија, избираат да живеат во оваа тропска земја. Главната причина е значително пониските трошоци за живот.

„За 400 до 500 евра месечно можете да изнајмите стан или куќа со базен. Храната е евтина, дневниот трошок е само неколку евра“, напишал еден корисник.

Еден човек од регионот го сподели своето искуство од Патаја, популарно туристичко место во источен Тајланд: „Платив хотел со пет ѕвезди за само 20 евра за две лица од ноќ. Превозот е евтин, храната е одлична, дури и улична храна“.

Покрај ниските трошоци, Тајланд нуди и многу активности кои ја привлекуваат помладата популација: спортски сали, клубови за боречки вештини, ноќен живот и прекрасна природа. „Половина од годината е сезона на дождови, но потоа многумина се враќаат во Европа, а потоа повторно се враќаат.

Дополнителен плус е дружељубивоста на локалното население, како и чувството на сигурност и релаксација: “Сè е многу помирно, луѓето се срдечни, нема напнатост. Живеете покрај море, јадете свежо тропско овошје, останувате на сонце. Навистина можете да живеете убав и пристоен живот, и тоа со многу помалку пари отколку дома”.

Така, Тајланд се повеќе се профилира како атрактивна дестинација за оние кои сакаат потивок, поедноставен и попристапен начин на живот – без компромиси кога станува збор за квалитетот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни