Жителите на Исланд на 11 март на избори ќе одлучат за својата иднина

Се очекува се дека предизборните кампањи ќе бидат фокусирани на тежнеењето на жителите на островот кон независност, пренесува Ројтерс.


Премиерот на Гренланд, Муте Егеде, предложи денеска општи избори на островот да се одржат на 11 март и рече дека ќе побара од парламентот да го одобри тој предлог.

Се очекува дека предизборните кампањи ќе бидат фокусирани на тежнеењето на жителите на островот кон независност, пренесува Ројтерс.

„Ова е сериозно време. Време кое никогаш не сме го доживеале во нашата земја. Ова не е време за внатрешни поделби“, наведува Егеде во објава на социјалните мрежи.

Изборите на Гренланд треба да се одржат пред 6 април, наведува агенцијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп во декември изрази желба да ја анектира данската територија Гренланд и не ја исклучи употребата на воена или економска сила.

Гренланд беше данска колонија до 1953. година и од тогаш доби широка автономија, вклучувајќи право да прогласи независност, иако Копенхаген останува одговорен за безбедноста и надворешната политика на Гренланд.

Полуавтономната територија на Данска соопшти дека е отворена за бизнис, но не сака да биде дел од Соединетите Американски Држави.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни