Како што е наведено во судските документи на Врховниот суд на Стејтен Ајленд, Овојеми тврди дека доцнењето на летот на оваа авиокомпанија му предизвикало значителен „емоционален и финансиски стрес“, пишува New York Post.
Тој требаше да лета на 20 септември од аеродромот Џон Кенеди во Њујорк до аеродромот Шарл де Гол во Париз, од каде што требаше да продолжи за Лагос, Нигерија.
Сепак, летот за Лагос бил одложен, поради што тој и неговиот придружник биле принудени да преноќат во блискиот хотел, правејќи дополнителни и неочекувани трошоци.
Овојеми во Лагос пристигна на 21 септември во еден часот по полноќ, наместо во 21.40 часот претходниот ден.
Иако стигнал да присуствува на погребот на својот брат, Овојеми рече дека проблемите продолжиле и при неговото враќање во Њујорк, кога неговиот лет бил одложен повеќе од пет часа, а Ер Франс го префрлиле на лет на „Делта ерлајнс“ каде што не бил регистриран како патник.
„Поради лоша здравствена состојба, вклучително и проблеми со срцето, претрпев тага, непријатност и влошување на здравјето додека бев на аеродромот во Париз“, рече Овојеми во тужбата, додавајќи дека тој постојано морал да пешачи долги растојанија меѓу терминалите.
Тој, исто така, истакна дека авиокомпанијата го изгубила неговиот багаж и тој го добил дури три недели подоцна, што ја влошило ситуацијата уште повеќе.
Ер Франс не ги коментираше наводите.