Жицницата на Водно утрово не работи

Од ЈСП велат дека јачината на ветерот на Водно ги надминува дозволените граници за објектот да може да функционира непречено и безбедно

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје утрово информира дека жичницата на Водно денес нема да работи а причината за тоа е силниот ветер.

Од ЈСП велат дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за објектот да функционира непречено и безбедно.

-Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, наведува ЈСП.

Утрово во Скопје и на повеќе места има студено време со силен ветер и ниски температури.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни