Руски напади врз северните и централните делови на Украина синоќа усмртија две лица и повредија повеќе од 20, соопштија регионалните власти. Во областа околу градот Полтава, остатоци од паднати дронови усмртиле едно лице, повредиле три и оштетиле станбена зграда, изјави регионалниот гувернер Виталиј Дјакевич на Телеграм.
Напади и во Дњепропетровск
Во соседната Дњепропетровска област, во напади со дронови и артилерија е убиено едно лице во близина на градот Никопол.
Дополнително две лица се повредени во самиот град, а вкупно 12 лица се повредени во регионот. Ова го соопшти гувернерот Олександр Ганжа.
Напади врз Суми
Руските сили извршиле и два напада со лизгачки бомби врз регионот Суми, во близина на границата со Русија.
Во овие напади повредени се 13 лица, меѓу нив има и шестгодишно дете а оштетени се најмалку 15 куќи. Информацијата ја потврди гувернерот Олег Хрихоров.
Високи руски воени претставници изјавија дека нивните сили имаат за цел создавање на таканаречени „тампон-зони“ во регионот Суми, како и во соседната Харковска област на североистокот на Украина.
Агенцијата Reuters наведува дека овие тврдења не можат независно да се потврдат.