Женственост, емоција и диско ритам – нов летен хит „Убав е“ на Сара Мејс

Сара Мејс создаде нова музичка приказна, хит што лесно влегува во уши, а тешко се заборава.

Емотивната и енергична „Убав е“ е авторско дело на Сара (музика и текст), за аранжманот се погрижи Роберт Билбилов кој внесе заразен диско ритам, со видеоспот снимен на плажи во Грција и во Скопје. Апсолутно, ова не е само песна што ќе се пее, туку и песна што ќе се почувствува, а многумина и ќе ги подзамисли.

Љубовта, како вечно актуелна тема, често комплицирана, но секогаш длабоко човечка – е главниот лик во оваа музичка приказна. Ова не е само песна за него, ова е песна и за неа. Сара, преку својот препознатлив стил, длабока емоција и уметничка елеганција, ја раскажува приказната на една жена што се преиспитува и се „бори“ со себе.

„Да нема сонце, ќе можам. Да нема вода, ќе можам. Да немам никој, ќе можам. Но, без него не можам“…

Спотот како визуелна бајка, плажа, морско синило, зајдисонце и специфичната, ненаметлива женственост што Сара природно ја носи, идеално ја надополнува целата музичка приказна.

За летните и провокативни „стајлинзи“ на Сара се погрижи Фросина ФРАН Ангеловска, исто како и за нејзината шминка, а фризурите се дело на HairHouse.

Пуштете ја песната запејте со неа и ако се пронајдете во неа, знајте дека не сте сами!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни