ЖЕНСКИ ТРН за феминистичката платформа Медуза

Трн годинава додели и „Женски Трн,“ за најзначајната иницијатива за унапредување на женските права. Признанието за најдобра иницијатива му беше доделено на феминистичката платформа Медуза.

Медуза е простор создаден за девојки, жени, родови и сексуални малцинства, но и за сите личности со желба да слушаат, учат и живеат феминистички. Платформата ги охрабрува своите членови да градат мрежи на меѓусебна поддршка, да читаат и пишуваат за себеси, за личните и системските проблеми со кои се соочуваат, за своите тела, права и избори.

Калиа Димитрова, претставничка на платформата, во своето обраќање изрази благодарност за признанието и ја нагласи важноста на Медуза како глас за оние кои најчесто остануваат незабележани. „Ова признание е за сите нас – за оние кои секојдневно се борат да бидат слушнати, разбрани и прифатени. Медуза е место каде што нашите приказни се важни, каде што нашите гласови се гласни и нашите права се неприкосновени,“ истакна Димитрова.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни