Жените во Католичката црква: По кој пат ќе тргне новиот папа

Папата Франциск именуваше жени на клучни ватикански позиции – дали неговиот наследник ќе направи следниот чекор и ќе размисли за можноста жените да станат ѓакони и свештеници?

Недоволната застапеност на жените повторно е тема овие денови, додека членовите на тело составено исклучиво од мажи расправаат за иднината на Црквата.

Кога Папата Франциск беше избран во 2013 година, се соочи со гласни повици за проширување на улогата на жените во Римокатоличката црква. Делумно, ги исполни тие ветувања. Им овозможи на жените пристап до клучни состаноци, поголема улога во моќната црковна бирократија и ја назначи првата жена на чело на ватиканскиот гувернерат.

За некои, тоа беа големи чекори за една длабоко конзервативна институција. Но за други, тие чекори не беа доволни за вистинска инклузивност.

Сега, додека кардиналите одржуваат дневни состаноци пред почетокот на гласањето за избор на нов папа по смртта на Франциск на 21 април, улогата на жените останува поделбено прашање. Ќе изберат ли папа кој ќе ги продолжи промените на Франциск – или некој кој би ги поништил?

„Постои загриженост дека следното папство може да значи враќање наназад“, вели Кејт Мекелви од Women’s Ordination Conference, организација која се залага за правата на жените во Црквата.

Папата Франциск им даде право на жените да гласаат на Синодата на епископи, именуваше 12 жени на високи позиции, меѓу кои и директорка на Ватиканскиот музеј, управителка на Државата-Град Ватикан и прва жена префект на канцеларија што ги надгледува монашките редови. Учеството на жените во вработените структури на Ватикан порасна од 19% на 23,4%.

Сепак, не ги направи клучните чекори по најконтроверзното прашање – ракополагање жени како ѓакони и свештеници. Иако формираше две комисии (во 2016 и 2020 година) за да го разгледа ова прашање, ниту една не донесе конечен став, ниту објави јавен извештај.

Во 2024 година, во интервју за CBS, Франциск категорично одби да ракоположува жени за ѓакони. Но, неколку месеци подоцна потпиша синодален документ што го остави прашањето „отворено“.

„Како да ја отклучи вратата, но не ја отвори целосно“, вели Мекелви.

На состаноците пред конклавата, кардиналите – сите мажи – расправаат за иднината на Црквата, но не се изјаснија јасно за прашањето на жените. Иако мнозинството беа именувани од Франциск и ја поддржуваат неговата агенда за социјална правда и животната средина, ставовите за улогата на жените се нејасни.

Некои, како сестра Мари од Марсеј, сметаат дека жените не треба да бидат дел од хиерархијата. „Среќни сме со нашата улога надвор од хиерархијата“, рече таа.

Конзервативците, како кардинал Мулер, критикуваа што на лаиците – вклучително и жени – им се дадоа високи административни позиции.Р

Професорката Сабина Павоне смета дека Црквата веќе се има променето – жените веќе водат многу парохии, се грижат за образованието и здравството, додека недостигаат свештеници. Таа вели:

„Црквата веќе се промени. Сега треба да чекори во чекор со таа реалност.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни