Овој страв преовладуваше за време на изборната кампања на Доналд Трамп, а сега го достигна својот врв бидејќи жените се плашат што ќе се случи кога Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата.
Доколку администрацијата на Трамп ги исполни ветувањата, контрацептивните средства од секаков вид би можеле да станат помалку достапни во САД, а абортусот би можел да биде целосно забранет.
Плашејќи се од сето ова, жените ширум САД одлучија да набават апчиња за контрацепција и итни контрацептиви.
Тие велат дека е страшно да се размислува за решенијата што треба да ги најдат за време на следниот мандат на Трамп.
„Се плашам да планирам уште едно дете. Дали претерувам со тоа што размислувам да купам апчиња за абортус ако ми требаат? Не можам да размислувам за сето тоа”, тврди една од загрижените жени.
Според Planned Parenthood, сообраќајот на нивната веб-страница се зголемил само еден ден по изборите во САД. Многу жени се распрашуваат и истражуваат информации за методите на вметнување спирала, како и за подврзување на јајниците.
Компаниите за контрацепција како Wispa забележаа зголемување од 600 проценти на состаноци за медицински абортус по изборите во САД и речиси 1.000 проценти зголемување на продажбата на итна контрацепција.
Компанијата Винкс Хелт тврди за Космо дека по американските избори продале седум пати повеќе апчиња „План Б“, а многу други компании известуваат дека забележале огромен пораст на продажбата на средства за контрацепција.