Мрежа Стела го одбележа Меѓународниот ден на руралната жена

Жените се столбот на руралните заедници

Традиционалните родови улоги и општествените норми во руралните средини ги спречуваат жените активно да учествуваат на пазарот на трудот.

На Меѓународниот ден на руралната жена се потсетуваме на предизвиците со кои сѐ уште се соочуваат руралните жени и можностите кои им се потребни за да бидат еднакви, финансиски независни и системски поддржани.

Традиционалните родови улоги и општествените норми во руралните средини ги спречуваат жените активно да учествуваат на пазарот на трудот.

Но, тие сепак се столбот на руралните заедници, придонесувајќи за земјоделството, грижата за добитокот, грижата за децата, членовите на семејството и другите неплатени домашни обврски.

,,И покрај нивната клучна улога, тие често се соочуваат со системски бариери кои ги спречуваат целосно да учествуваат или да имаат корист од пазарот на трудот” – велат од Мрежа Стела.

Програмите и грантовите за поддршка на жените од институциите треба да се приспособат на руралните средини каде што се и најмногу потребни.

,,Навремено согледување и проценка на ризиците од страна на стручни лица како и поддршка пред и по добивање на финансиската поддршка е од особено значење за охрабрување на жените и девојките при искористување на мерките. Дополнително организирање обуки и менторска поддршка во руралните средини и овозможување на девојките и жените без дополнителни финансиски трошоци да ги следат обуките исто така би значело поголемо нивно вклучување” објаснуваат од Мрежа Стела.

Оваа активност е спроведена во рамките на проект поддржан од шведската Фондација Kvinna till Kvinna, имплементиран од Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни