Жените кои ја обликуваат иднината: Поглед на родовата еднаквост во меѓународната политика

Индонезија, Норвешка, Исланд, Руанда и Нов Зеланд се земји кои служат како примери каде жените одиграле значајна улога и извршиле значително влијание во областа на меѓународната политика. Како особено значајна се смета улогата на Ерна Солберг, премиерка на Норвешка, потоа првата жена претседателка на Исланд, како и премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која покажа лидерски квалитети кои се карактеризираат со емпатија и инклузивност. Ангажманот на овие жени ги покажа придобивките од учеството на жените во меѓународната политика. Сепак, жените и понатаму и во континуитет се соочуваат со многу пречки во политичката сфера, вклучувајќи случаи на дискриминација и вознемирување. Традиционалните структури на моќ кои историски ги маргинализираа жените, заедно со трајните предрасуди во однос на женските лидерски способности, претставуваат значителни предизвици за жените кои се стремат да ги достигнат највисоките ешалони на политичкото лидерство.

Темата за родовата еднаквост е заначаен предмет на дискусија на меѓународната јавност во последните години. Признавањето на правата на жените и нивното вклучување во различни домени на општеството, вклучувајќи ја и политичката сфера да делување, е долготрајна и тешко извојувана борба.

Постигнувањето родова еднаквост во доменот на меѓународната политика останува предизвикувачка цел за жените кои и понатаму се соочуваат со недоволна застапеност на клучните позиции на моќ и на влијание. Напредокот на родовата еднаквост во доменот на меѓународната политика е клучен, но сеуште е незавршен потфат, кој налага потреба од имплементација на сеопфатни стратегии кои ќе ги елиминираат пречките за целосно ангажирање на жените на позиции кои се клучни во донесување одлуки.

Во доменот на меѓународната политика, забележан е значителен напредок во делот на родова еднаквост. Ова достигнување може да се препише на здружените напори на меѓународните организации, владите и граѓанското општество, кои активно се залагаат за поголемо учество на жените во глобалните механизми за донесување одлуки. Пресвртницата на зајакнувањето на позицијата на жените беше прифаќањето на меѓународните договори како што се Декларацијата од Пекинг и Платформата за акција од страна на Обединетите нации во 1995 година. Организациите и иницијативите како UN Women имаат приоритет на промоцијата на правата на жените и вклучувањето во глобалните политики. Сепак, сè уште има пречки што треба да се надминат кога станува збор за спроведување на мерките насочени кон постигнување на родова еднаквост. Овие предизвици опфаќаат прашања како што се несоодветната застапеност на жените на влијателни позиции, постоењето на пречки во делот на унапредувањето на жените во позиции кои се клучни за донесување одлуки на високо ниво и секако константното присуството на родова пристрасност и дискриминација што го поткопува кредибилитетот и ефективноста на жените во доменот на меѓународната политика.

Прашањето дали родовата еднаквост во меѓународната политика се користи мудро е сложено прашање. Сепак, мандатот на премиерката Џасинда Ардерн од Нов Зеланд, ги покажа придобивките од учеството на жените во меѓународната политика. Нејзниниот пристап кон политиките и проблемите кој првенствено се одликуваше со квалитети како емпатија и добра комуникација, доби широко признание особено во делот на спавување со епидемијата на COVID-19.И покрај сите иницијативи, жените и понатаму и во континуитет се соочуваат со многу пречки во политичката сфера, вклучувајќи случаи на дискриминација и вознемирување. Традиционалните структури на моќ кои историски ги маргинализираа жените, заедно со трајните предрасуди во однос на женските лидерски способности, претставуваат значителни предизвици за жените кои се стремат да ги достигнат највисоките ешалони на политичкото лидерство. Прашањето за родовата еднаквост во доменот на меѓународната политика останува повеќеслојно. Неколку земји кои служат како примери каде жените одиграле значајна улога во меѓународната политика се Индонезија, Норвешка, Исланд, Руанда и Нов Зеланд. Ова се пример на нации во кои жените извршиле значително влијание во областа на меѓународната политика. Забележителни примери се Ерна Солберг, премиер на Норвешка, првата жена претседателка на Исланд потоа премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која покажа лидерски квалитети кои се карактеризираат со емпатија и инклузивност. Овие искуства нудат значајни сознанија за корисните ефекти од вклученоста на жените во политичките активности.На родовата еднаквост и треба посебно внимание. Рамката за решавање на проблемот за справување со родовата еднаквост во доменот на меѓународната политика опфаќа решавање на две основни прашања: недоволната застапеност на жените на клучните позиции и присуството на родова пристрасност. Законските реформи, образовните иницијативи и сеопфатните програми за обука имаат потенцијал да промовираат правична застапеност. Истовремено, кампањите за застапување и обезбедувањето позитивни модели на улоги можат да играат клучна улога во поттикнувањето на зголеменото знаење за предностите поврзани со зајакнувањето на жените.  Постигнувањето на родовата еднаквост во доменот на меѓународната политика претставува значајна цел која може да се постигне преку спроведувањето на законодавните реформи и образовните иницијативи.

Текстот е превземен од Eurasia Review

Автор е Simon Hutagalung,  е пензиониран дипломат од индонезиското Министерство за надворешни работи кој магистрирал политички науки и компаративна политика на Градскиот универзитет во Њујорк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни