Нови тези: Зошто жените се поподложни на Алцхајмерова болест?

Науката одамна знае дека жените се изложени на поголема опасност од развој на Алцхајмерова болест. Кај нив, всушност, има двојно поголема веројатност да добјат вакво нарушување, во однос на мажите.

Новите научни сознанија говорат дека научниците, можеби, се на добар пат да го објаснат тоа – посочувајќи две битни разлики меѓу мажите и жените. Како прво, двата пола имаат различни хромозоми. И – второ, жените имаат менопауза – што се јавува кога репродуктивните хормони на жената природно опаѓаат почнувајќи од нејзините 40-ти и 50-ти години од животот. Според Здружението за заштита од Алцхајмерова болест, во САД, еден од тројца возрасни лица умира од Алцхајмеровата болест или друг вид деменција. Речиси две третини од починатите се жени.

„Епидемиолошки, гледаме дека за речиси сите невролошки болести, постојат разлики во тоа колку биолошки жени и мажи се засегнати, објасни Ана Бонкоф, истражувач по неврологија на Медицинскиот факултет при Харвард и „Генерал Бригам“ во Масачусетс. – Постои склоност, на пр., кај мултиплекс склероза и мигрена, повеќе жени да бидат засегнати, додека спротивното важи за туморите на мозокот и Паркинсоновата болест. Само врз основа на овие бројки, добивате чувство дека нешто треба да стои зад овие разлики во однос на биологијата“, додаде таа.

Гледајќи во внатрешноста на телото, додека жените имаат два „Икс“ хромозоми, мажите имаат „Икс“ и „Ипсилон“. Хромозомите се нишки-структури на ДНК коишто носат стотици и илјадници гени. Тоа пак, ги одредуваат физичките одлики на една личност. Разликите меѓу гените што се зачувани во „Икс“ и „Ипсилон“ хромозомите, според објасненијата, може да им дадат на жените зголемена шанса за развој на Алцхајмерова болест.

Неодамнешните истражувања покажаа дека гените на „Икс“ хромозомот се поврзани со Алцхајмеровата болест, но и дека жените со оваа состојба живеат подолго од мажите со болеста поради нивниот втор „Икс“ хромозом.

„Многу гени за имунолошкиот систем и регулирањето на структурата на мозокот се наоѓаат на „Икс“ хромозомот, па затоа количините се разликуваат до одреден степен кај мажите и жените. Се чини, тоа има свое влијание“, додаде Бонкоф.

Различните доминантни хормони кај жените – како што е естрогенот, кој делува на мозокот, исто така би можеле да имаат улога.

„Менопаузата е дел од сложувалката – веројатно еден од поголемите. Не велам дека е единствена- стареењето е релевантно само по себе и има многу интересни истражувања коишто го испитуваат тоа што стареењето му прави на имунолошкиот систем, што се чини дека има импликации за когнитивните промени“, рече Бонкхоф.

За време на менопаузата, кога јајниците престануваат да произведуваат естроген и прогестерон, некои жени посегнуваат кон хормонска терапија. Практиката нуди олеснување за симптомите на пониски нивоа на хормони во менопаузата, како што се топли бранови. Но, кај некои жени може да го зголеми ризикот од несакани состојби – срцев и мозочен удар, рак на дојка, згрутчување на крвта и заболувања на жолчното ќесе, според Центрите за контрола и превенција на болести во САД.

Таа терапија за ублажување на менопаузата покажала еден од знаците на Алцхајмеровата болест, и според Рејчел Бакли, вонредна професорка по неврологија на Харвард.

„Акумулацијата на протеинот „тау“ е белег на Алцхајмеровата болест. Тие, исто така, претрпеле поголем когнитивен пад. Работиме со многу секундарни податоци што веќе постојат, и тоа е одлично, но постојат ограничувања во тоа што може да направиме со нив. Се обидуваме да видиме дали можеме да поставиме нов дизајн на истрасжувањето, каде што навистина ќе може да го разгледаме времето на менопаузата, што се менува во крвта, што се менува во мозокот, што се менува во когницијата и како тоа може да биде поврзано со опасностите во подоцнежниот дел од животот“, рече Бакли.

Новите научни наоди се објавени во списанието „Сајенс адвансес“ (Science Advances). Но, во написот, Бакли вели оти се потребни и натамошни научни истражувања за сѐ тоа да се разјасни поподробно. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни