Жената во културата генерално почнува да доминира

„Калиопе Австрија и Северна Македонија“, Жените во општеството, културата и науката, е насловена изложбата што се  отвори во Чифте амам, во организација на Австриската амбасада во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија.

– „Калиопе Aвстрија и Северна Македонија” е прилика да се присетиме колку жените напредувале, но и да се осврнеме на она што се’ уште треба да го направиме за да обезбедиме еднаквост-истакна на отворањето амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Пемер.

Изложбата е насловена Калиопе по најмудрата од деветте грчки музи и ја истакнува улогата на жената во обликувањето на светот во изминатите 200 години.

Со 48 биографии од последниве 200 години, се презентираат Австријки, кои со големите достигнувања, храброста и борбеноста ѝ дале печат на својата земја и ја збогатиле нивната историја. Се претставуваат животните приказни на музичарки, писателки, научнички, активистки за женски права, политичарки, аристократки и уметнички кои ги опфаќаат речиси сите животни области, а на овој дел му претходат четири македонски сликарки кои дале свој придонес за културата и за идентитетот на својата земја.

И покрај тоа што го признава прогресот на правата на жените, изложбата сепак се осврнува и на тековните предизвици и потребата за вистинска еднаквост.

На отворањето, амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Пемер, нагласи дека оваа изложба ќе направи турнеја низ цела Македонија и покрај голеемиот обем не е здодевна, а прокрај разноликоста е прегледна. Тој изјави: Ѝ пожелувам голем број заинтересирани посетители – нека им даде освежувачки импулси и просветлувачки согледби!“

Како соработник, Националната галерија ги вклучува во изложбата и биографиите на значајните македонски жени-уметнички, визионерки ги користеа своите четки за сликање како инструменти за промена, надминувајќи ги општествените бариери и создавајќи простор за себе во уметничкиот свет доминиран од мажи.

Во своето обраќање на отварањето Дита Старова Ќерими истакна: Од денешна перспектива, жената во културните институции и воопшто во културата генерално почнува да доминира. Во Националната галерија на пример, жените се мнозинство, особено во стручниот тим. Во постојаната поставка на Галеријата имаме и дела од првите жени ликовни уметници како што се Катја Ефтимова, Лена Стефанова, Кераца Висулчева, Борка Аврамовска и други…“

Надополнувајќи го документарниот аспект на изложбата, во останатите простории на објектот Чифте амам, се изложени уметнички дела од колекцијата на Националната галерија кои им припаѓаат на значајни уметници кои одиграле важна улога во развојот на Македонската современа уметност, истакнувајќи го често занемарениот „женски поглед“.

„Низ историјата, но за жал и во сегашноста, се судираме со бројни стереотипи за местото на жените во науката, уметноста и културата. Што од остатоците од патријархалната средина и воспитување, или некогаш и од институционалната незаинтересираност и несоодветна поддршка, многу наши сограѓанки немаат можност да се реализираат себе си и своите таленти. Бројните примери на успешни и реализирани жени на денешнава изложба се доказ дека со храброст, решителност, самодоверба, одважност и упорност се надминуваат сите бариери и пречки. Верувам дека изложбава охрабрува и праќа силна порака – не престанувајте да бидете свои, независни, креативни и слободни и не дозволувајте никој никогаш да ве перципираат и третираат како послаби и помалку важни. Жената не е само сенка која тивко исчезнува на маргините од општествените случувања“, рече Елизабета Ѓорѓиевска, сопругата на Претседателот.

На изложбата се изложени дела од: Катја Ефтимова, Лена Стефанова, Борка Аврамова, Ана Темкова, Вана Урошевиќ, Дијана Томиќ – Радевска, Моника Мотеска, Дита Старова Ќерими, Жанета Вангели, Славица Јанашлиева, Виолета Чауле, Биљана Унковска, Менче Спироска и Александра Ристовска Петрушевска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни